• недела, 28 јули 2024

Позната грчка пејачка одржа концерт на камион низ улиците во Атина (видео)

Позната грчка пејачка одржа концерт на камион низ улиците во Атина (видео)
Атина, 25 април 2020 (МИА) - Со музика и песни денеска се наполнија улиците на Атина преку необичниот концерт што го одржа, познатата грчка пејачка Алкистис Протопсалти. Таа пееше додека се возеше на камион низ грчката престолнина, застанувајќи и пред премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Концеротот е дел од иницијативите на општина Атина, а почна со пораката „Остануваме дома, остануваме оптимисти, ги отвораме прозорците, излегуваме на терасите“. Камионот „Од улица, со љубов“ помина низ повеќе атински населби, а застана и пред премиерската палата, а песните на Протопсалти „го натераа“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да направи пауза од денешните состаноци и да излезе да ужива во музиката заедно со неговите соработници. ср/ми/  https://www.facebook.com/AlkistisProtopsaltiOfficial/videos/678146242935772/

Остани поврзан