• четврток, 26 декември 2024

Позитивни на Ковид-19 здравствен и просветен работник од Кавадарци

Позитивни на Ковид-19 здравствен и просветен работник од Кавадарци
Кавадарци, 13 декември 2020 (МИА) - Здравствен и просветен работник се меѓу новозаболените во Кавадарци, а две лица починаа со коронавирус. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци. Починатите лица со Ковид-19 од Кавадарци се на возраст од 65 и 68 години, појасни Јовановски. Тој додаде дека изминатите 24 часа евидентирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко. Најмладиот има 16 години, а најстариот е на 81-годишна возраст. Од Кавадарци се 38 случаи, од Росоман пет, од Неготино седум и од Демир Капија два. Јовановски додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел нивна изолација. свд/аа/

Остани поврзан