• недела, 24 ноември 2024

Позитивен на коронавирусот уште еден здравствен работник од Кавадарци

Позитивен на коронавирусот уште еден здравствен работник од Кавадарци
Кавадарци, 15 декември 2020 (МИА) - Позитивен на Ковид-19 е уште еден здравствен работник од Кавадарци, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. - Изминатите 24 часа евидентирани се 24 новозаболени. Најмладиот има 22 години, а најстариот 81 година. Осумнаесет лица се од Кавадарци, едно од Росоман и пет од Неготино, рече Јовановски. Од Ковид-19 починало 84-годишно лице од неготинско. Се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат.свд/фф/

Остани поврзан