• среда, 25 декември 2024

Пожар на грчкиот остров Крит – превентивно евакуирани жители и туристи

Пожар на грчкиот остров Крит – превентивно евакуирани жители и туристи

Атина, 11 септември 2024 (МИА)  –  Голем пожар избувна  попладнево во близина на местото Платаниа кај градот Ханиа во североисточниот дел на грчкиот остров Крит, а од бројот за итно случаи 112 беше испратена порака за евакуација до сите што се во непосредна близина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми од островот, пожарот што гори ниска вегетација и брзо се шири поради ветерот е во близина на хотелски комплекси и евакуирани биле најмалку еден хотел, голем, супермаркет, како и туристички објекти. 

-Доколку сте на плоштадот Платаниа кај Ханиа и западно, придвижете се на запад кон Герани преку стариот автопат. Следете ги упатствата на властите, пишува во пораката испратена од бројот 112 до сите оние што се во непосредна близина на пожарот. 

Интервенираат копнени и воздушни сили на противпожарната служба на Грција, а според државната телевизија ЕРТ градоначалникот на Платаниа од министерот за цивилна заштита побарал уште еден дополнителен хеликоптер. ср/ссм/

Остани поврзан