• недела, 01 септември 2024

Пожар на блок 3 во РЕК Битола, нема повредени

Пожар на блок 3 во РЕК Битола, нема повредени
Скопје, 6 ноември 2021 (МИА) -  Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола ноќеска во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени,  информираа од АД Електрани на Северна Македонија. -Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат,  стои во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.лв/

Остани поврзан