• петок, 04 октомври 2024

Пожар над дебарското село Татар Елевци

Пожар над дебарското село Татар Елевци

Дебар, 7 август 2024 (МИА) - Пожар избувна над дебарското село Татар Елевци, во кој се зафатени ниско стеблеста шума и трева. Станува збор за недостапен предел под падините на планината Дешат.

Според командирот на ТППЕ-Дебар, Џетан Мифтароски, во гаснењето освен противпожарната единица, вклучени биле вработени во подружницата „Стогово" на ЈП „Национални шуми", како и жители од селото Горно Косоврасти.

- Успеавме да го пренасочиме со цел да не се прошири кон селата Татар Елевци и Горно Рајчица. Утре од раните утрински часови ќе продолжиме со гаснење, рече Мифтароски за МИА.

До вечерва опожарени се над 16 хектари, а постои опасност за негово проширување и кон планината Кораб.вт/бт/
Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан