• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пожар меѓу селата Моштица и Саса

Пожар меѓу селата Моштица и Саса

Македонска Каменица, 10 март 2025 (МИА) - Меѓу селата Моштица и Саса попладнево избувна пожар на тешко пристапен терен во близина на македонско-бугарската граница. Пожарот е видлив и од Македонска Каменица.

- На лице место сме, пожарот е на граничната линија со Република Бугарија меѓу селата Саса и  Моштица. Во акцијата за гаснење учествуваме четири луѓе од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, двајца вработени од Шумското стопанство и двајца од Граничната полиција, информира Александар Јовановски, командира на ТППЕ Македонска Каменица.  

Екипите, како што вели, ќе останат на терен за да имаат целосен увид во состојбата.

- Во пожарот е зафатена сува трева, а среќна околност е што во близина има снег. Да се надеваме дека пожарот ќе се стабилизира, односно нема да се прошири, додава Јовановски. вс/бак/


Фото: МИА архива

Остани поврзан