• недела, 01 септември 2024

Пожар зафати куќарка и помошен објект во населбата Манакија во Берово

Пожар зафати куќарка и помошен објект во населбата Манакија во Берово
Берово, 30 мај 2022 (МИА) - Пожар доцна попладне зафати куќарка во населбата Манакија во Берово, како и помошен објект, а според информациите од полицијата во пожарот нема жртви. Од Територијалната противпожарна единица од Берово, соопштија дека веднаш по дојавата е пристапено кон гаснење на пожарот, и е ставен под контрола. Екипи на ТППЕ Берово остануваат на терен, се до целосно ликвидирање на пожарот. Официјални информации за точната причина за настанување на пожарот, е најавена во текот на утрешниот ден.вс/свс/

Тагови

Остани поврзан