• недела, 06 октомври 2024

Пожар во Струмичко, горат 20 хектари нискостеблеста шума

Пожар во Струмичко, горат 20 хектари нискостеблеста шума
Струмица, 26 април 2022 (МИА) - Пожарот кој избувна претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума, се уште не е изгаснат, а пожарникарите се обидуваат да го запрат ширењето кон селото Дукатино. Според информациите од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествуваат две против пожарни возила и 10 пожарникари, а пожарот е делумно локализиран. -Пожарот помогнат од силниот ветер зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен, информираат струмичките пожарникари. Екипи на ТППЕ Струмица се уште се терен и се борат да го запрат ширењето на пожарот. рт/см/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан