Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила
- Пожар избувнал денеска во стан во зграда на 5-ти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Против - пожарната бригада. Повредени нема, изјави за МИА командирот на Против - пожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски.

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Пожар избувнал денеска во стан во зграда на 5-ти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема, изјави за МИА командирот на Против - пожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски.
-Станува збор за пожар во станбена зграда на 5-ти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. Пожарот настанал од електричен уред, односно кујнски апспиратор. Интевенирано е со две возила и седум пожарникари. Повредени нема, само материјалаи штета, кажа командирот Томевски. вг/ев/
Фото: МИА Архива