• понеделник, 30 декември 2024

Пожар во рудник за злато во Перу, 27 загинати

Пожар во рудник за злато во Перу, 27 загинати

Лима, 7 мај 2023 (МИА) - Непознат број рудари загинаа по пожар во рудник за злато во Перу, соопштија властите денеска, додека полицијата работи на извлекување на телата.

Можеби 27 рудари ги загубија своите животи, соопшти

Локалната власт каде што се наоѓа рудникот, во јужниот регион Арекипа, соопшти дека 27 рудари го загубиле животот.

Сепак, додаваат дека бројот на жртвите не е конечен „бидејќи немало начин да се комуницира од рудникот“.

Се додава дека краток спој можел да го предизвика смртоносниот пожар што се случил во саботата.

Со рудникот стопанисува мала компанија.

Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата.

Секоја година се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан