• сабота, 27 јули 2024

Пожар во росоманското село Сирково 

Пожар во росоманското село Сирково 

Росоман, 17 јули 2024 (МИА) - Пожар избувна денеска и во росоманското село Сирково. Како што информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кавадаречките пожарникари интервенирале во гасење на пожар во село Сирково со две противпожарни возила. 

МИА се обрати до Територијалната противпожарна единица Кавадарци и оттаму ни беше кажано дека дополнителна екипа пожарникари со противпожарно возило се упатува на овој пожар што се уште не е локализиран. 

Засега не можеа да дадат повеќе детали за пожарот. свд/дма/


Фото : Фејсбук на  Митко Јанчев 

Остани поврзан