• среда, 18 декември 2024

Пожар во околината на Прешево, горат 50 хектари борова шума

Пожар во околината на Прешево, горат 50 хектари борова шума
Белград, 5 август 2022 (МИА) - Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територија на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна во попладневните часови. Горат 50 хектари борова шума. Како што јави РТС Врање, гори борова шума кај селото Црнотинце и сува трева на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце. Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа информира дека пожарот е во непосредна близина на автопатот меѓу стариот пат Бујановац - Прешево и дека се уште гори во близина на населените куќи. Пожарникарите од Прешево се на терен, но се чека хеликоптер да интервенира од воздух. об/бак/

Остани поврзан