• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија

Берлин, 19 јуни 2023 (МИА) - Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк.

Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.

Причината за пожарот засега не е позната.

Паркот е отворен во 1975 година, а цената на билетот се движи меѓу 40 и 300 евра. паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан