• понеделник, 26 август 2024

Пожар во млекарница во тетовско Камењане

Пожар во млекарница во тетовско Камењане

Тетово, 25 август 2024 (МИА) -  Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот,  информираат  од тетовската пожарникарска единица.

Поради пожарот голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар. 

На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци. ас/лв/

Фото: ЦУК 

Остани поврзан