• недела, 06 октомври 2024

Пожар во близина на туристичкиот комплекс Аурора во Берово

Пожар во близина на туристичкиот комплекс Аурора во Берово
Берово, 30 април 2021 (МИА) - Локализиран е пожарот што денеска околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс Аурора крај Беровското Езеро. Според информации на Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари. - Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот, информираше Руменовски. Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор. вс/оџ/

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан