• среда, 18 декември 2024

Пожар во близина на селото Црвени Брегови

Пожар во близина на селото Црвени Брегови

Неготино, 30 јули 2024 (МИА) - Нов пожар е активен на територијата на општина Неготино, на потегот помеѓу поранешната фабрика „Македонија“ и селото Црвени Брегови, кај местото викано „Ѓорева лака“, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- На терен сум заедно со пожарникарите од ТППЕ - Неготино, кои интервенираат на лице место, во обид пожарот да биде целосно изгаснат и ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот се вклучени неготинските пожарникари и три противпожарни возила, соопшти Стојанов. 

Во неготинско, пред извесно време, цели 13 дена беше активен пожар, што се гаснеше од земја и од воздух. свд/бд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Остани поврзан