• недела, 06 октомври 2024

Пожар во атар на росоманско Рибарци, пожарникарите апелираат на внимателност

Пожар во атар на росоманско Рибарци, пожарникарите апелираат на внимателност
Росоман, 29 јануари 2022 (МИА) - Пожар избувна попладнево во атар на росоманското село Рибарци. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци апелираат на внимателност. - Горат шамак и сува трева. Апелираме на внимателност бидејќи секој пожар ја загадува околината. На терен сме тројца пожарникари со едно противпожарно возило, рекоа за МИА од противпожарната единица. Оттаму исто така потсетија дека во овој период од годината, поради невнимателност, многу често горат контејнери, откако поединци исфрлаат во нив пепел и жар по греење со дрва. Пожарникарите нагласија дека има посебни канти за пепел, кои сите што се греат на дрва треба да ги користат, со цел да се надмине овој проблем. свд/вј/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан