• среда, 13 ноември 2024

Пожар во атарот на карбинското село Долни Балван

Пожар во атарот на карбинското село Долни Балван

Карбинци, 30 јули 2024 (МИА) -  Нема опожарено куќи, но изгорена е штала, како и трепезаријата на црквата во село Долни Балван, изјави командирот на смена на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Богданчо Зарков.

Посочува дека со помош на месното население не е довозволено пожарот да влезе во селото. Огнот кој брзо се шири низ полето оди во правец кон селото Крупиште. Зарков вели дека станува збор за огнена стихија која тешко може да се изгасни, поради ветерот.

Инаку, МИА претходно информираше дека од вчера со пожарот се справуваат пожарникари, доброволци и месното население, кој почнал од атарот на селото Горно Трогерци, а во текот на денот се ширеше во правец на Долно Трогерци и веќе вечерва поминува покрај селото Долни Балван. Попладнево гореше сува трева и во близина на штипската населба Света Недела  вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан