• сабота, 23 ноември 2024

Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села

Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села

Дебар, 17 август 2024 (МИА) - Ставен е под контрола големиот пожар во планината Стогово, над дебарското село Гари, област Мала Река и не постои никаква опасност по ова и соседното село Осој, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.

- Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата „Стогово” на ЈП „Национални шуми” успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот.  Дополнително ни „помогна" и краткотрајниот дожд, кој иако не беше обилен сепак во одредена мерка беше во прилог на веќе постигнатото, додаде Мифтароски.

Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари а потоа и Овој, чии жители беа видно загрижени.

-Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и  ситно стеблеста шума, но денеска зафати и високо стеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми, апелира Мифтароски.

Ова е втор голем пожар на територијата на општината. Претходно голем пожар беснееше над селото Татар Елевци со опасност да се прошири во селата Горно Рајчица и Горно Косоврасти, сој беа зафатени над 30 хектари.

Во неговото гаснење освен дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, беа вклучени и два „ер-трактори". вт/дма/


Фото: МИА/ село Гари ФБ 

Остани поврзан