• среда, 18 декември 2024

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово
Куманово, 5 август 2022 (МИА) - Пожарот што попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово.
Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума. Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население. Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението. ам/бак/

Остани поврзан