• четврток, 26 декември 2024

Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци роденденот го минува на пожар во Пехчевско

Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци роденденот го минува на пожар во Пехчевско

Кавадарци, 13 август 2024 (МИА) - Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци не можеше поинаку да го одбележи денешниот ден кога полни триесет години затоа што во моментов роденденот го минува во учество при  гаснење на пожар во Пехчевско. МИА го контактираше кратко по телефон. Поразговаравме додека земаше здив и правеше мала пауза при работата. 

- Точно е, денес полнам триесет години. Наместо да славам со семејството и најблиските, веќе втор ден сум во Пехчевско, каде што ние кавадаречките пожарникари дојдовме на помош за да помогнеме го гаснењето на пламените јазици. Убаво е да бидеме вака заедно со колеги, но во други услови, без грижи околу пожар и околу тоа колку нечија несовесност може да ни земе од прекрасната природа, рече Андрев.

Околу три седмици ова лето учествувал во гаснење пожари на различни локации. Според денешната агенда за работни задачи, бил задолжен да го вози противпожарниот камион и да пушта пумпа со која се доставува вода за гаснење на пламени јазици во Пехчевско. 

- Само да успееме да ги изгаснеме сите пожари, за роденденот лесно е, ќе го прославиме другпат. На човек не му е ниту до славење роденден кога знае дека беснеат пожари. Апелирам до сите луѓе за внимателност, да не се дозволи оган да ни го голта богатството што нема цена, подвлече тој. 

Марјан Митриновски од Пехчево е заслужен што дознавме за роденденот на Андрев.  свд/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан