Пожарникарите од ТППЕ Велес изгаснаа два пожари на запалени пластични контејнери
- Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес во изминатите два дена интервенираа на две локации во градот каде биле запалени пластични контејнери, при што со навремена реакција спречиле поголема материјална штета.
Велес, 3 февруари 2026 (МИА) - Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес во изминатите два дена интервенираа на две локации во градот каде биле запалени пластични контејнери, при што со навремена реакција спречиле поголема материјална штета.
Од ТППЕ Велес информираат дека причината за пожарите била неизгасната жар од домаќинствата, поради што апелираат граѓаните пепелта и жарот најпрво целосно да ги изгаснат во посебен сад, а дури потоа да ги фрлаат во контејнерите.
Синоќа во 18:25 часот, во ТППЕ Велес била примена дојава за запален пластичен контејнер на улицата „Лазо Осмаков“, на паркинг простор. На местото на настанот интервенирале едно противпожарно возило и двајца пожарникари, кои го изгаснале пожарот.
- Благодарение на совесен минувач кој го забележал пожарот во почетна фаза и брзата интервенција на нашите колеги, пожарот не предизвика материјална штета - информираат од ТППЕ Велес.
Завчера во 02:00 часот по полноќ, била примена дојава за запален контејнер на улицата „11-ти Октомври“. И во овој случај, Територијалната противпожарна единица Велес интервенирала со едно возило и двајца пожарникари, по што пожарот бил целосно изгаснат.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар или опасност од пожар, веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193. ад/дма/
Фото: МИА архива