• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пожарникарите во Калифорнија напредуваат во борбата против шумските пожари

Пожарникарите во Калифорнија напредуваат во борбата против шумските пожари

Лос Анџелес, 29 јули 2024 (МИА) - Со помош на подобри временски услови, пожарникарите во Калифорнија постигнаа напредок во борбата против шумските пожари кои зафатија огромни области, но сепак е неопходна евакуација на населението.

Повеќе од 4.000 пожарникари се борат со огнената стихија која зад себе остави пустош и голема штета.

Шумскиот пожар во Калифорнија, најголемиот оваа година, е еден од најмалку стотината шумски пожари што горат низ западниот дел на Соединетите Американски Држави, соопшти Националниот противпожарен центар. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан