• четврток, 26 декември 2024

Пожарите во Аргентина сè уште беснеат, за сега нема повредени

Пожарите во Аргентина сè уште беснеат, за сега нема повредени
Буенос Аирес, 24 август 2020 (МИА) – Во аргентинската провинција Кордоба беснеат пожари засилени од силен ветер и отсуството на врнежи, поради што надлежните издадоа наредба за евакуација на населението. Во пожарите досега никој не е повреден, потврдија надлежните. Пожарите досега изгореле најмалку 14.321 хектари земја, претежно на северот на покраината, јавуваат локалните медиуми. Регионалните и федералните власти испраќаат противпожарни хеликоптери за да помогнат во гаснењето на огнената стихија. Властите во Кордоба предупредија за „екстремен“ ризик од пожари низ покраината, поради суво и ветровито време и ги повикаа граѓаните да пријават нови пожари доколку се појават. Во тек е истрага за причините за пожарите, а се сомнева дека тие биле подметнати од ранчери кои сакаат на тој начин да ги обноват пасиштата, што е вообичаена практика во Аргентина. Пожарите веќе уништија далноводи во некои делови на Кордоба и се закануваат да го блокираат сообраќајот на поголемите автопатишта, изјавија официјалните лица, потврдувајќи дека населението во погодените области е евакуирано. јт/

Остани поврзан