• недела, 28 јули 2024

Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ

Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ

Скопје, 27 август 2023 (МИА) – Во куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научна и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ.

На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, како и читање на негови песни во превод на македонски јазик од страна на Никола Маџиров и Игор Исаковски. 

Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.вј/лв/

Фото. МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан