• недела, 28 јули 2024

Поетесата Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса

Поетесата Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) - Македонската поетеса Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во грчкиот град Лариса. Величковска настапи на свеченото затворање во летното кино во Лариса, како и на читањето во гратчето Трикала, близу туристичката атракција Метеори. На 10. Издание на фестивалот, кој се одржуваше од 18 до 22 јули учествуваа 80-тина поети, музичари и визуелни уметници од Северна Македонија, САД, Германија, Велс, Хрватска и Грција. Темата на фестивалот беше животната средина и природата. свс/сп/

Остани поврзан