• недела, 28 јули 2024

Поенти: ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија

Поенти: ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија
Киев, 14 март 2022 (МИА) –  * ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија * Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина. * Европската унија одлучи да ги прошири санкциите за повеќе руски олигарси, вклучително и милијардерот Роман Абрамович како одмазда за руската инвазија на Украина. * Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак. * Украинскиот претседател Володомир Зеленски ќе има обраќање во американскиот Конгрес в среда, на16 март. *Оштетен далноводот во Чернобил, набргу откако беше обновено снабдувањето со струја во „пензионираната“ украинска нуклеарна централа. *Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост дека војната во Украина би можела да ја влоши пандемијата со коронавирусот. *Во Норвешка започнуваат големи воени маневри на НАТО *Влегувањето на НАТО во конфликтот во Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. *Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска, преку видео конференциска врска. *Утринава гранатиран станбен блок во Киев, најмалку две лица загинаа, а три се повредени *Гранатирана административната зграда и фабриката „Антонов“, спопред локалните власти во нападот има две жртви. *Американските извештаи тврдат дека Русија побарала воена помош од Кина. Наводно им недостигаат некои видови оружје. Кина ги демантира ваквите барања. *САД и се заканија на Кина доколку и помогне на Русија за време на инвазијата „последиците ќе бидат тешки“. *Американски снимател и новинар е убиен во близина на Киев, се наведува дека Русите отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓал. *Украина тврди дека руските сили киднапирале уште еден градоначалник *Во Лавов се слушнаа експлозии, цел на Русите бил центар за воена обука и база западно од градот, а загинаа 20 лица. *Ракетиран е и градот Ивано-Франковск *Во Киев е соборен дрон со три килограми експлозив *Новите сателитски снимки покажуваат катастрофални штети во Мариупол *Украина: Руските сили отворија оган врз конвојот за евакуација во близина на Киев, убивајќи седум цивили

Остани поврзан