Поевтинува мазутот
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се намалува за 1,257 денари и еден килограм ќе чини 37,708 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се намалува за 1,257 денари и еден килограм ќе чини 37,708 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.са/
Фото: МИА архива