• среда, 25 декември 2024

Од полноќ поевтинува дизелот

Од полноќ поевтинува дизелот

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) – Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 76 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за два денари и ќе изнесува 75 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 82 и 84 денари за литар, односно 41,411 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,271 отсто, кај дизелот за 4,708, кај Екстра лесното масло за 4,532 и кај Мазутот за 0,836 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104 отсто. вј/бак/

Остани поврзан