• четврток, 19 декември 2024

Поевтинуваат горивата

Поевтинуваат горивата
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) – Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари. Со одлуката на РКЕ за 0,436 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 49,483 денари. Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени кај бензините во просека за 1,397 отсто, кај дизелот за 2,84, кај екстра лесното масло за 1,931 и кај мазутот за 0,422 отсто, како и за 0,574 отсто понискиот курс на денаро во однос на доларот.вј/лв/

Остани поврзан