• четврток, 26 декември 2024

Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“ почнаа подготовките за второто издание на ракометниот камп „40х20“

Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“ почнаа подготовките за второто издание на ракометниот камп „40х20“

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - По успешно организирано прво издание на ракометниoт камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, Агенцијата КМГ Спорт, како организатор на истиот, го најавува второто издание, кое од 2 до 7 јули ќе се одржи во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид.

 

- Во зависност од возраста на учесниците на кампот, предвидени се засебни програми по кои ќе се работи. Повозрасните ракометари/ки, родени 2008 година и поголеми, ќе работат доминантно индивидуални тренинзи, во мали групи, со тренери кои се докажани во работа со млади категории, надополнети со групни тренинзи и натпревари. Групите формирани од помлади учесници ќе работат по програма адекватна за возраста, но кај нив ќе се обрне внимание и на сегменти кои се важни за таа возраст, како осамостојување, социјализација, предавања за здрав начин на живот и здрава исхрана, едукација во сегментот на пливање и кајак, тимска дисциплина во однос на тренинг, одговорност итн, но секако ќе имаат и повеќе простор за забава и дружење, имајќи предвид возраста, вели Горан Ѓоргоноски, основач и коодринатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

 

Кампот е наменет за момци и девојки на возраст од 7 до 17 години.

 

- Со цел анимација на децата од Македонија и странство во сегментот на ракометната игра, но и надградба на повозрасните групи на ракометари/ки, ќе бидат ангажирани голем број на ракометни тренери од земјата и странство, стручни лица во областа на спортската психологија и нутриционизам, превенција од повреди и подготовка за тренинг.

 

Минатиот јуни, на премиерното издание во Охрид, партиципираа повеќе од 70 момчиња и девојки од земјата, но и од странство, а оваа година има најави за повеќе учесници. зс/

Остани поврзан