• среда, 18 декември 2024

Под мотото „Вози одморен“, РСБСП со сообраќајно превентивни активности во летниот период

Под мотото „Вози одморен“, РСБСП со сообраќајно превентивни активности во летниот период
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) - Под мотото „Вози одморен“, РСБСП ќе спроведе сообраќајно превентивни активности во летниот период, информираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во рамките на денешната работна средба на Претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска, со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ. Целта на состанокот, како што велат оттаму, било унапредување на соработката помеѓу двете институции преку размена на искуства знаење и позитивни пракси и реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „Вози одморен“. - Како составен дел на состанокот беше организиран стручен собир на кој присуствуваа претставници на двете институции. На стручниот собир беше презентиран начинот на работа на двете институции, реализираните активности во изминатиот период, резултатите од досегашната работа, позитивните и негативните искуства и беа дефинирани нови начини и модели на дејствување со цел помалку жртви на патиштата, стои во соопштението од РСБСП. Дополнуваат дека во изминатиот период оствариле неколку работни средби со претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и, како што велат, може да се каже дека резултатите од досегашната соработка се исклучително позитивни. Согласно тоа, како плод на досегашната соработка направена е размена на видео спотови, едукативни видео материјали за деца, стручна литература, размена на искуства и знаења. - Имајќи го предвид фактот дека во летниот период двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, од кои што голем дел се случуваат токму на автопат и во тие сообраќајни незгоди главно учесници се возачи кои транзитираат низ Република Северна Македонија, на денешниот состанок ќе биде договорена реализација на заедничка кампања која во текот на летниот период ќе се реализира на граничните премини во двете држави и на автопатиштата во двете држави, велат од РСБСП. Статистичките податоци покажуваат дека во земјите од регионот на Југоисточна Европа бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и согласно тоа, неопходно е безбедноста во сообраќајот и регионалната соработка во областа на безбедноста на патниот сообраќај, да се издигнат на значително повисоко ниво. ар/скс/        

Остани поврзан