• среда, 25 декември 2024

Под водство на Словенецот Урх одржан првиот камп за македонски пингпонгари

Под водство на Словенецот Урх одржан првиот камп за македонски пингпонгари

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - Првиот камп за млади македонски пингпонгари од предвидените шест под водство на тренерот Јоже Урх од Словенија се одржа од 26 до 30 април во Скопје. 

- На кампот учествуваа 11 наши репрезентативци од различни клубови од Македонија, информираат од Македонската пинг-понг федерација.

Дел од нив, Моника Стајковска, Матеја Смолиќ, Фани Јованоска, Дарко Китановски, Мартин Ристески и Кристијан Каламадевски, веднаш по завршувањето на кампот отпатуваа за Сараево каде ќе учествуваат на турнирот „European Youth Series 2024 BIH“ од 1 до 3 мај во поединечна категорија и во категорија на двојки.  

Во престолнината на Босна и Херцеговина, македонската репрезентација ќе биде предводена од селекторот Милош Миленковиќ. зс/

Остани поврзан