• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Подружницата на Здружение на судии при Основен суд Тетово се огласи со соопштение за судската постапка за загинувањето на Теодора Ристовска

Подружницата на Здружение на судии при Основен суд Тетово се огласи со соопштение за судската постапка за загинувањето на Теодора Ристовска

Тетово, 10 април 2025 (МИА) - Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое, детално ја објаснува досегашната судска постапка  поврзана со загинувањето на Младата Теодора Ристовска, почнувајќи од првото судење, одликата на Апелација и Врховниот суд па сè до последното судење во кое е изречена казна затвор во траење од две години за обвинетиот Енвер Пајазити. Според нив, судија Ељведин Ферати,  кој ја донесе пресудата во повтореното судење, а и судијката Верка Костовска која го судеше првото судење, а која во меѓувреме замина во пензија, постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми. 

- „Судијата при одмерување на казната за обвинетиот ги имал во предвид како отежнувачките така и олеснувачките околностите, и тоа: начинот на кој е сторено кривичното дело, кривичната одговорност на обвинетиот, неговиот однос во судницата, околностите поврзани за видот, карактерот, тежината и сериозноста на кривичното дело, условите на патот, околноста дека покојната коловозот го поминувала на обележан пешачки премин, штетните последици кои настанале како резултат на инкримираното дејствие, околноста дека законските застапници на покојната се приклучиле кон кривичен прогон и истакнале имотно правно барање, околноста дека обвинетиот признал вина, изразил жалење за настанот, дека порано обвинетиот не бил осудуван и не се води постапка за друго кривично дело. 

Ценејќи ги сите околности, судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во ЗКП, во ситуација кога по барање на обвинетиот Врховниот суд ги укинал пресудите и предметот го вратил на првостепениот суд на повторно одлучување и поради оваа забрана новата пресудата не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција. 

Од погоре изнесеното јасно може да се утврди дека судиите на Основниот суд Тетово постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми и поради тоа АПЕЛИРАМЕ до сите чинители во општеството, да се воздржат од неоправдани коментари, и да не се користи ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели, бидејќи на тој начин се нарушува угледот на судиите, се задира во независноста на судството и се повредува функсионирањето на владеењето на правото како основна демократска придобивка“, се вели во соопштението доставено од Судиите и Подружницата на здружение на судии на Основен суд Тетово.ас/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан