• вторник, 19 ноември 2024

Подољак: Русија се обидува да го измами светот

Подољак: Русија се обидува да го измами светот
Киев, 16 јуни 2022 (МИА) - Украинскиот преговарач Михаил Подољак изјави дека последните руски коментари за тоа дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите се „обид да се измами светот“. Тој во онлајн објава наведе дека Русија сака да остави впечаток дека е подготвена за преговори, а притоа да и забие нож во грб на Украина. - Киев сигурно ќе се врати на преговорите, но во вистинско време, рече Подољак. ссм/

Остани поврзан