• среда, 27 ноември 2024

Подољак: Новата руска Влада е создадена да ги крене воените капацитети

Подољак:  Новата руска Влада е создадена да ги крене воените капацитети

Киев, 13 мај 2024 (МИА) - Новите министри во руската влада покажуваат дека Москва се обидува да ги зголеми воените напори и да ја реконфигурира економијата за да ги задоволи воените потреби, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„Русија конечно почна да се изолира и ќе се обиде да ги зголеми воените напори и воените способности, а истовремено да ја реконфигурира економијата“, напиша Подољак на својот профил на Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу и го замени со економистот Андреј Белоусов.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека Путин го назначил Белоусов на позицијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.

Песков објасни и дека Шојгу, како новоименуван секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во комисијата за воено-индустрискиот комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-техничка соработка.

Според Песков, Шојгу ќе продолжи да работи во областа што ја познава. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан