• среда, 25 декември 2024

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Киев, 3 мај 2024 (МИА) - Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека е неопходно да се усвои „единствена паневропска одлука“ за враќање во Украина на воено способни мажи кои се наоѓаат во странство.

„Пан-европско решение е апсолутно неопходно бидејќи оваа дискусија сега се води во Европа, бидејќи навистина изгледа малку чудно - земјата крвари, во војна е и постои чудна компонента за репутација, кога многу млади луѓе кои во првите месеци од војната успеаја да заминат, не ја поддржуваат својата земја, која е во војна во последните две години“, рече Подољак, пренесува Униан.

Тој истакна дека Европа „ќе помине низ долги дискусии, но ќе ја донесе вистинската одлука“.

Според него, угледот на Украина се влошува поради фактот што воено способни мажи кои „водат неактивен начин на живот тоа го манифестираат“. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан