• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Подобрување на соседските односи: Премиерот на Етиопија во возвратна посета на Сомалија

Подобрување на соседските односи: Премиерот на Етиопија во возвратна посета на Сомалија

Могадишу, 27 февруари 2025 (МИА) - Етиопискиот премиер Абиј Ахмед денеска е во посета на Сомалија, што го означува подобрувањето на односите меѓу двете соседни земји по наглото зголемување на тензиите минатата година.

Ахмед беше пречекан во главниот град на Сомалија, Могадишу, од сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд.

Посетата на Ахмед доаѓа во момент кога двете страни се обидуваат да го надминат јазот околу контроверзниот договор на Етиопија со отцепениот сомалиски регион Сомалиленд.

Сомалиските државни медиуми објавија дека двајцата лидери ќе разговараат за билатерални прашања, од трговија до напори за зајакнување на врските.

Мохамуд ја посети Етиопија претходно оваа година.

Тензиите меѓу двете земји стивнаа откако Етиопија, која нема излез на море, минатата година потпиша меморандум за разбирање со Сомалиленд за закуп на земјиште долж нејзиниот брег за да се формира поморска база.

За возврат, Етиопија ќе стане првата земја што официјално ја призна независноста на Сомалиланд.

Сомалија смета дека договорот го нарушува нејзиниот територијален суверенитет.

Во декември, лидерите на Сомалија и Етиопија се состанаа во Турција и се согласија да започнат технички разговори со цел да се постигне договор што ќе го поддржи територијалниот интегритет на Сомалија, а истовремено ќе и дозволи на Етиопија пристап до морето.

Турција има значителни инвестиции во Сомалија, вклучително и голема воена база.

Сомалиленд се отцепи од Сомалија пред повеќе од 30 години, но не е призната како независна држава од Африканската унија и Обединетите нации.

Сомалија го смета Сомалиленд за дел од својата територија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан