„Подобро образование за посилен раст“, презентација на извештај на Светска банка и дискусија со експерти
- Во Ректоратот при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска Светска банка организира презентација на економскиот извештај за Европа и Централна Азија, издание есен 2024 година.
Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Во Ректоратот при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска Светска банка организира презентација на економскиот извештај за Европа и Централна Азија, издание есен 2024 година.
На панел дискусијата ќе учествува министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Биљана Ангелова, директорот на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија - Масимилијано Паолучи.
- Панелистите ќе ги споделат своите мислења како да се подобрат образовните системи и да се искористат потенцијалите за заживување на растот во регионот, се додава во поканата. бд/мд/
Фото: Принтскрин