• четврток, 26 декември 2024

Подобрен водоводен притисок во Сопиште со изведба на нова водоводна линија

Подобрен водоводен притисок во Сопиште со изведба на нова водоводна линија
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Подобрен водоводен притисок во високата зона во Сопиште, со изведба на нова водоводна линија, односно довод со дијаметар на цевка од 100мм, информира денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. - Имајќи ги предвид барањата и потребите на граѓаните, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во текот на оваа недела работеа на изведба на нов дополнителен довод со дијаметар на цевка од 100мм. Активностите се изведуваа на ул.1 на крстосницата Ракотинци кон Соње во село Сопиште. Со изведбата на новата водоводна линија се создадоа услови за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето и довод на поголемо количество на вода за корисниците во овој дел, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потенцираат дека континуирано работат на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.фф/дма/

Остани поврзан