Поднесено барање за импичмент на потпретседателката на Филипините
- Против филипинската потпретседател Сара Дутерте денеска е поднесена петиција за импичмент, поради нејзините смртни закани кон претседателот Фердинанд Маркос, наводна злоупотреба на владини средства и други кривични дела.
Манила, 2 декември 2024 (МИА) – Против филипинската потпретседател Сара Дутерте денеска е поднесена петиција за импичмент, поради нејзините смртни закани кон претседателот Фердинанд Маркос, наводна злоупотреба на владини средства и други кривични дела.
Петицијата за импичмент поднесена од неколку истакнати противници и пратеници ја обвинува Дутерте за кршење на Уставот на земјата, масовна корупција и други „големи злосторства“, вклучително и смртни закани кон претседателот, неговата сопруга и претседателот на собранието.
Правните проблеми на потпретседателката се развија поради нејзината политичка расправија со претседателот Фердинанд Маркос и неговите сојузници.
Дутерте на онлајн прес-конференција на 23 ноември рече дека пронашла лице кое ќе ги убие Маркос, неговата сопруга и поранешниот претседател Мартин Ромуалдез доколку таа биде убиена и оти заканата не е шега.
Дутерте подоцна рече дека не се заканувала никому, туку изразила загриженост за сопствената безбедност. јт/
Фото: Х скриншот