• четврток, 26 декември 2024

Поднесени над 500 барања за субвенционирање комуналии во Куманово

Поднесени над 500 барања за субвенционирање комуналии во Куманово
Куманово, 8 април 2021 (МИА) - Заврши рокот за поднесување барања за субвенционирање на комунални сметки во Куманово, информираат денеска надлежните од секторот за социјална заштита. Оваа година беше проширен опфатот на ранливите категории граѓани кои можат да користат субвенции, меѓу нив самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лица над 65 години приматели на социјална пензија и глуви и слепи лица. На двата јавни повици, првиот во јануари, вториот во февруари, по проширувањето прошири опфатот на категории граѓани пристигнати се помеѓу 500 и 550 барања. - Речиси сите од нив ги исполнуваат условите за субвенционирање. Овие ранливи категории граѓани, општина Куманово ќе ги субвенционира со комуналните сметки за смет и вода, согласно одлуката на советот-изјави раководителот на секторот за социјална заштита, Цоки Ристовски. Општината Куманово за оваа година одвои десет милиони денари за субвенции за комуналии за повеќе категории граѓани и граѓаните ќе ги користат 12 месеци. ам/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан