• среда, 25 декември 2024

Поднесена кривична пријава против кумановец за обид за убиство

Поднесена кривична пријава против кумановец за обид за убиство

Скопје, 8 август 2024 (МИА) - СВР Куманово денеска до Основното јавно обвинителство Куманово поднел кривична пријава против ВЈ.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „обид за убиство“.

Како што соопшти МВР, утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот В.Ј.

-В.Ј. се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени при физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово, наведуваат од МВР.

С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. вг/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан