• вторник, 24 декември 2024

Подмладоците на партиите за отворени листи на локалните избори за советници

Подмладоците на партиите за отворени листи на локалните избори за советници
Тетово, 16 февруари 2021 (МИА) - Младите лица кои се дел од подмладоците во политичките партии претежно сакаат да има отворени листи на локалните избори и да гласаат за одредени личности, покажува првиот од двата предвидени форуми насловени „За/Против отворени листи на локалните избори“, што се одржа вечерва во Тетово. Уште еден е предвиден на 25 февруари, по што ќе бидат објавени и конкретни заклучоци. - На форумите младите дебатираат за тоа дали листите да бидат отворени или не. Дебатираат за тоа кои се предности или недостатоци на отворени листи или на овој модел кој е постоечкиот. Се зборуваше колку тоа ќе влијае за кого ќе го дадеме нашиот глас и дали тоа ќе придонесе за поголема одговорност на советниците за време на нивниот мандат. Младите се за отворени листи, за да го дадат својот глас за одредена личност меѓутоа стравуваат од тоа каков ќе биде моделот како ќе се спроведе и дали има време за престоечките локални избори, изјави Хавуше Лесковица Исмаили, имплементатор на проектот. Освен во Тетово и во Гостивар се одржани два форуми. Проектот се реализира од „Иновативна иницијатива“ избрана за реализација од „Поддршка на изборните реформи“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). ас/оџ/

Остани поврзан