• сабота, 27 јули 2024

„Подлиот јас“ првиот анимиран серијал со над пет милијарди долари заработка

„Подлиот јас“ првиот анимиран серијал со над пет милијарди долари заработка

Лос Анџелес, 17 јyли 2024 (МИА) - Цртаниот филм „Подлиот јас 4“ (Despicable Me 4) доминира на светските киноблагајни, заработувајќи 437 милиони долари од неговото прикажување на 3 јули. Со тоа, популарната франшиза стана првиот анимиран серијал филмови во историјата којшто надмина пет милијарди долари приходи, пишува „Варајети“ (Variety).

Пред 14 години, во 2010., беше прикажан првиот филм од серијата. Потоа следат вториот и третиот дел од 2013 и 2017 година, како и уште две претпродолженија со назив „Миниони“ (Minions).

Во новата приказна Гру се соочува со нови непријатели, што го засегнува и неговото семејство... Додека синот Гру Џуниор му го загорчува животот. Улогите ги толкуваат Стив Карел, Кристен Виг, Софија Вергара, Вил Ферел, Стивен Колбер и други познати холивдски гласови.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан