Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии
- СООПШТЕНИЕ - Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.

Скопје, 4 март 2025
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.
Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.
Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.
Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.
ЈП Комунална хигиена-Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.