• сабота, 23 ноември 2024

Подигнати 1 370 кубни метри кабаст отпад во рамки на акцијата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Подигнати 1 370 кубни метри кабаст отпад во рамки на акцијата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје собрале вкупно 1 370 кубни метри кабаст отпад од сите скопски општини во периодот од 5 август до 13 септември годинава.

- Во рамки на акциите за собирање кабаст отпад, жителите на скопските општини имаа можност да ги одложат својот стар мебел и покуќнина на повеќе локации во близина на своите домови, каде ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје постави посебни садови наменети за одлагање на кабастиот отпад, стои во соопштението.

Во општините Центар и Ѓорче Петров биле одложени по 130 кубни метри кабаст отпад, во општина Карпош 170 кубни метри, а во општина Кисела Вода 150 кубни метри.

Во општините Сарај и Аеродром биле одложени по 80 кубни метри кабаст отпад, во општина Гази Баба 160 кубни метри, во општина Чаир 170 кубни метри, а во општините Бутел и Шуто Оризари по 150 кубни метри кабаст отпад. мд/дма/

Фото: „Комунална хигиена“

 

Остани поврзан