• среда, 25 декември 2024

Подеста: Кина има обврска да излезе со план за намалување на емисиите на штетни гасови

Подеста: Кина има обврска да излезе со план за намалување на емисиите на штетни гасови

Баку, 11 ноември 2024 (МИА) – Американскиот претставник за климата Џон Подеста денеска изјави дека Кина има обврска да излезе со план за намалување на емисиите на штетни гасови што е во согласност со целта на Парискиот договор од 2015 година за ограничување на глобалното затоплување на не повеќе од 1, 5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриското ниво.

- Кина има важна улога и се надевам дека ќе ја исполни, рече Подеста на климатската конференција КОП29 во Баку.

Годишниот самит на Обединетите нации за климата КОП29 почна денеска во Баку, а извршниот секретар на ОН за климатски промени Сајмон Стил повика на итна, глобална соработка за климатските промени.

На самитот во главниот град на Азербејџан, каде што беше пробиен првиот нафтен бунар во светот, една од главните дискусии ќе биде околу тоа колку стотици милијарди долари годишно богатите нации треба да им даваат на сиромашните за да се запрат климатските промени. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан