• четврток, 26 декември 2024

Поделени 80 прехранбени пакети за семејства од ранливите категории од Куманово

Поделени 80 прехранбени пакети за семејства од ранливите категории од Куманово
Куманово, 19 мај 2021 (МИА) - Осумдесет прехранбени пакети за семејства од ранливите категории од Куманово подели „Банката за храна“ и локалната партнерска организација Национален ромски центар Куманово. Пакетите се наменети за сиромашните граѓани од Куманово, информираа денеска надлежните. - Денеска сме во Куманово, пред малку бевме во Свети Николе со нашите партнери до Куманово НРЦ со кои долги години соработуваме. Одлучивме да поделиме 80 прехранбени пакети и 82 гелови за раце, заштитни маски, изјави Душко Христовод „Банка за храна“. Пакетите, рече тој, ќе им помогнат на семејствата да ги задоволат потребите за една недела. Ашмет Елезовски, директор на НРЦ истакна дека пакетите ќе бидат поделени на сиромашните граѓани од сите етнички заедници од градот. - Пандемијата само ја продлабочи сиромаштијата и многу важно е да им се помогне на граѓаните во даден момент, рече Елезовски. Проектот е поддржан од ЕУ преку ВСС ефект. На ниво на државата ќе бидат поделени 1.620 пакети во 20 општини. ам/фф/

Остани поврзан